„Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца!“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил по повод приемот на ракометарите и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко и претседателот на ракометната федерација, Живко Мукаетов.
„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.
И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.
Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!“, напиша Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо пренос од историскиот меч на Вардар, во живо од пречекот: Кво вадис МРТ?
(Видео+фото) Како градоначалникот Петре Шилегов го „виде“ пречекот на ракометарите на Вардар
„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје
(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси
Фото:Фејсбук/Зоран Заев