еМагазин
Image default
Убава приказна

(Галерија) Адинг го прослави 50. роденден

Годинава Адинг одбележува 50 години од своето постоење и основање. Како дел од целата јубилејна кампања на компанијата, се одржа и главниот настан, насловен како „50 години од првите чекори„.

Прославата се одржа во „Музејот на современата уметност“, во присуство на голем број гости, претставници на компании соработници од поширокиот регион и земјава, владини претставници, државни институции, факултети и останати научно-истражувачки институции.

50 годишната успешна приказна, беше раскажана низ една симбиоза на уметнички танцови и оперски елементи, поткрепени со уникатен визуелен перформанс од наши врвни уметници, како и краток корпоративен филм.

„Како што дел од вас нѐ нарекуваат, ние сме градежни фармацевти, ние сме превенција, но и лек за градбите. Ние сме специфично јадро сочинето од градежници, архитекти, технолози, хемичари и други професионалци, кое пред себе има поставено една цел, да бидеме „состојка на секоја градба“.

Денес по 50 изминати години на Адинг, од кои лично сум вклучен во него 40 години, во едно сум сигурен и истовремено горд: Имаме иднина, успеавме, пренесовме знаење! Оставивме позади нас и „заразивме“ со ентузијазам нови генерации. Денес сум убеден повеќе од било кога, дека еден ден навистина и ќе бидеме „состојка на секоја градба“!“, изјави во својот поздравен говор, генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Благоја Дончев.

Присутните имаа можност да уживаат и во ексклузивната изложба на делото „Глава на Жена“ (1963 г.) од Пабло Пикасо, дел од богатата и вредна колекција на „Музејот на современата уметност“.

Адинг е компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, која е основана на 30.05.1969 година и е еден од ретките примери на домашни компании кои можат да се пофалат со 50 годишно постоење.

Со долгогодишно постојано присуство на повеќе од 13 пазари во регионот на Југоисточна Европа, но и многу пошироко, ова е еден од примерите на скриени амбасадори и промотори на нашата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуролинк осигурување слави 20 години: 630.000 клиенти, 2,2 милиони полиси, 4,8 милијарди денари исплатени штети

Редакција

(Фото) МИА прослави 20 години од постоењето

Редакција

(Фото) No Bull и B-good food Co., нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар

Редакција