еМагазин
Image default
Бизнис

Растот на БДП во првиот квартал 4,1 отсто, најголем во земјоделството и градежништвото

Државниот завод за статистика објави дека растот на бруто-домашниот производ (БДП) во првиот квартал годинава е 4,1 отсто.

Според податоците во првото тримесечје годинава, најголем пораст е забележан во земјоделството, шумарство и рибарство од 13,6 отсто, градежништво од седум отсто и трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално растеле за 3,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,5 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9 отсто, покажуват податоците, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ ѝ одобри на Македонија помош од 176 милиони евра за справување со последиците од корона вирусот

Редакција

Колкава плата лани имала директорката на Дебарски бањи – Цапа и членовите на Одборот на директори

Редакција

Берзата го стави Мермерен комбинат АД Прилеп на „Листата за набљудување“

Редакција