Лидија Ристевска боледува од прогресивна мултиплекс склероза и потребен е третман со матични клетки кој чини 45.000 евра во Русија.
„Се борам за живот, а со мојата борба, верувам дека ќе ја предизвикам Вашата хуманост со која ќе го помогнете моето лекување, да стигнам чекор поблиску до закажаниот термин, кон кој патувам тешко, онака како што во моментов и се движам.
Во овој момент, кога одлучивте да го прочитате моето писмо, знам дека му дозволувате на Вашето духовно богатство да излезе од Вас и да создаде мала светлина на мојот темен пат.
Прогресивната мултиплекс склероза сè поинтензивно ја изразува попреченост во мојата моторика, тешкотии во голтањето и дишењето.
Мојата надеж е итно заминување во Русија за трансплантација со матични клетки. Еднократниот третман чини 45.000 евра за трансплантација на матични клетки во специјалната болница Пиргов во Москва. Закажаниот термин 24 јуни, е мојата шанса за живот.
Патните трошоци, престојот и рехабилитацијата се исто така, дополнителни трошоци за кои морам да се изборам.
Вашиот придонес за мојот живот, значи и мој придонес за иднината.
Ви благодарам од срце, што на еден случаен минувач од денешниот ден, ќе му помогнете да го пронајде патот на животната светлина“, вели во апелот Ристевска.
Ж.с-ка: 500600016598443
Стопанска Банка АД Битола
IBAN: MK 07500080003654013
SWIFT CODE: STBBMK22
Stopanska banka AD Bitola