еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат до три денари

Од ноќеска на полноќ за три денари се намалуваат „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на „еуросупер 95“ ќе изнесува 66,50 ден/лит, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг  така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борче Сиљаноски и Давид Коприва нови членови на Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

Тетекс лани со добивка

Редакција

Трифун Костовски повикува на поддршка за Народна банка да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка

Редакција