еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

На располагање 4.930.000 евра за проекти за прекугранична соработка со Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска учествуваше на информативната средба за промоција на процесот на консултации за идентификување идеи за стратешки проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на инструментот за претпристапна помош ИПА 2014-2020.

– Во Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Албанија на располагање имаме 4.930.000 евра. Дали сите средства ќе бидат апсорбирани за реализација на еден или два стратешки проекта, ќе зависи од проектните идеи кои што ќе можат да се доставувуваат до 1 август годинава.

Овој јавен повик е различен од претходните два, затоа што станува збор за стратешки проект, што значи дека со неговата реализација ќе се одговори на потребите на поголема популација. Во таа смисла проектот треба да биде од национално или, пак, од регионално значење.

Тематските области се широки, што остава простор за голем број различни проектни идеи. Важно е тие да произлегуваат од реалните потреби на граѓаните и да бидат идентификувани во широк консултативен процес, истакна министерот Фазлиу на настанот, на кој присуствуваше и Никола Бертолини, раководител за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Со оваа Програма во земјава се опфатени пелагонискиот, полошкиот и југозападниот регион, а во Албанија регионите на Корча, Елбасан и Дибра, стратешкиот проект, територијално, би требало да биде имплементиран во тие рамки и да решава проблем на граѓаните кои живеат во тие плански региони.

Според критериумите, проектните идеи треба да се однесуваат на поттикнување на туризмот и заштита на културното и природното наследство, зајакнување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите и заштита на животната средина.

Министерот Фазлиу ги повика сите заинтересирани субјекти, вклучително и институциите, да покажат интерес и да понудат проектни идеи за решавање суштински и приоритетни прашања во овој пограничен регион, што ќе има директно влијание на неговиот развој и на квалитетот на живеење на граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојран ќе им понуди попусти и бесплатен паркинг на српските туристи

Редакција

Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Редакција

Ковачевски со Мицотакис договорил непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција

Редакција