Владата го назначи дипломатот Виктор Димиовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.
Кој е Димиовски?
Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство.
Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Србија и Црна Гора и во Израел.
Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник.
Бил Национален координатор на Македонија во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија.
Во периодот од 2007 до 2009 година, Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност
Дипломатот Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност
Фото: Влада