Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи изасилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.
Минималните температури во понеделник и вторник ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени и од 26 до 33 степени.
Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 26 до 36 степени.