еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Град и пороен дожд во светиниколско, кратковско, скопско, валандовско, велешко и кавадаречко

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Град имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со температура од 17 до 31 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80% од починатите од Ковид-19 биле невакцинирани

Редакција

Македонија е „земја на тешки пушачи“: Лидери по пушење во Европа, меѓу 10. во светот

Редакција

(Фото) AVON со нова донација од 24.000 евра, во континуираната борба за спречување насилство врз жените

Редакција