еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од попладне нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи

Од денеска и во наредните денови во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 34 степени.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од утре.

Во следниот период дневните температури ќе опаднат, па утре само некаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Католиците го слават Велигден

Редакција

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Редакција

Дожд од утре попладне, на повеќе места и обилни врнежи, најави УХМР

Редакција