Во насока на заложбите да понуди едукативни програми кои ќе одговорат на зголемената побарувачка на вештини поврзани со новите технологии, едукативниот центар Brainster започнува со Академијата за Data Science, прва од овој тип и методологија, не само во Македонија туку и во регионот.
Привте 18 учесници, селектирани од над 100 пријавени започнуваат со посетување на Академијата од 1 септември годинава.
Станува збор за комплетна, 11 месечна програма која опфаќа настава и практична работа во сите релевантни области неопходни да се дојде до кариера во Data Science која во моментов е меѓу најбараните и најплатените вештини глобално.
„Продолжуваме со напорите да ги обезбедиме најактуелните наставни програми преку кои и во Македонија луѓето, а пред се младите луѓе ќе можат да дојдат до вештини кои ќе им овозможат одлична кариера, добро платена и отпорна на брзите промените што ги носи иднината.
Data Science е релативно нова област која мошне динамично се развива, а кадрите со вештини од оваа област се најбарани и најплатени на глобалниот пазар на труд.
Затоа ни беше голем предизвик да ја донесеме оваа програма во Македонија и да отвориме нови кариерни можности за домашните таленти“, вели Петар Ниновски, основачот на Brainster.
Како што велат во Brainster, низ процесот на селекција на учесници поминале над 100 луѓе – бизнис аналитичари, програмери, статистичари и математичари, од кои е селектирана првата група од 18 учесници кои ќе започнат со 11 месечната програма.
Паралелно со Академијата едукативниот центар ќе понуди и пократки програми, во вид на курсеви и работилници преку кои сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со оваа револуционерна област и да се подготват за 11 месечната академија.
Повеќе за Академијата можете да прочитате на следниов линк.