еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Што се случува во Владата: Прво Заев, сега Филипче со „пу,пу, не важи“ за сопствени одлуки

Во Владата се почесто се носат непромислени одлуки за специфични прашања, кои потоа по реакциите во јавноста набргу се повлекуваат.

Најдобар пример за тоа е одлуката на премиерот Зоран Заев при реконструкцијата на Владата самиот да се постави и за министер за финансии со образложение дека сака да повлече храбри економски чекори.

По реакциите на Антикорупциската комисија и на јавноста тој експресно ја повлече одлуката, но сепак не го врати Драган Тевдовски на министерското место, туку најави дека тој ќе раководи со финансии до изборот на нов министер.

Не поминаа ниту два дена од ваквиот пресврт во владината реконструкција за на сцена да стапи министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека во иднина Фондот за здравство ќе ги покрива трошоците за промена на полот во земјава.

Ваквата одлука не преживаа ниту 24 часа, бидејќи по реакциите во јавноста, но и меѓу структурите на СДСМ, Филипче ја повлече.

Овие два примери покажуваат дека во Владата одлуките очигледно се носат ад хок без да се преиспитаат и без да се почувствува јавното мислење по одредени прашања.

Неизбежно е прашање зошто листата на советници и консултанти постојано расте и што ги советуваат тие избраните функционери, кога испаѓа дека не се способни да предлагаат конзистентни политики и решенија кои би требало да ја подобрат живејачката на македонските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи се „запалија„ за изјавата на Филипче дека промената на полот ќе биде на сметка на Фондот за здравство

Филипче се предомисли, нема промена на полот на сметка на Фондот за здравство

„Оливер Андонов подолго издржа“: Твитер реакции по повлекувањето на предлогот Заев да биде и министер за финансии

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Протести и насилство низ САД за афроамериканецот кој беше убиен од полицаец

Редакција

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Редакција

Повик до туристичките работници од Охрид, Дојран, Преспа, да овозможат бесплатно летување за децата со посебни потреби, од социјално загрозени семејства и децата на самохрани родители

Редакција