еМагазин
Image default
Македонија

Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа од 63.000 денари месечно

Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите.

Груевски, кој е осуден со правосилна пресуда за набавка на мерцедесот, побара политички азил во Унгарија. Оставката ја поднесе од Унгарија кога во Собранието беше поднесено барање за одземање на неговиот мандат.

Пратеникот Богоевски, пак, поднесе оставка по објавената аудио снимка, за набавка на нелегална супстанца, за која тој рече дека станува збор за масло од канабис.

Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павле Богоевски се мисли дали една година да зема апанажа од 63.000 денари месечно

Груевски ако побара, може да добива плата од 63 илјади денари од Собранието уште една година 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Демократскиот сојуз не го бендиса предлогот на Заев за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Мајката на исчезнатиот Мартин пристигна во Грција: Потрагата на Халкидики продолжува

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција, очекуваат да се согласат и на одложена примена на уставните измени

Редакција