еМагазин
Image default
Забава

Во четврток во Скопје започнува фестивалот „Summerland” 2019

Оваа година за  првпат во Скопје, ќе се одржи фестивалот Summerland 2019.

Од 04.07-28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток ( 04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и  Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак, странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Авалон продукција покажа како треба да изгледа фестивал во време на пандемија со Ковид-19

Редакција

Од 6 до 8. септември Тиквешки гроздобер во Кавадарци, еве кој ќе настапи

Редакција

Манифестацијата „Maжи на годината 2024” ќе се одржи на 25. ноември во НОБ

Редакција