Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска по втор пат покрена постапка за утврдување на сопствеништвото на телевизијата 1ТВ.
„Лицето Бојан Јовановски во изминатиот период на неговиот медиум, но и на други медиуми јавно изјавува дека е сопственик на телевизјата 1ТВ, што е спротивно со податоците со кои располага АВМУ и спротивно на член 34 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во којшто не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик“, изјави директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски на седницата на Агенцијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.