еМагазин
Image default
Македонија

Собранието остана без еден потпретседател, констатирана оставката на Весел Мемеди

Собранието на денешната 104. седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП, Весел Мемеди.

Во личното обраќање до пратениците Мемеди ја обраложи оставката и кажа дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини.

Мемеди ги критикуваше сега веќе поранешните коалициски партнери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев за начинот на кој биле реализирани договорите за последната реконструкција на Владата и одземањето на министерската функција во Министерството за локална самоуправа чиј тогашен министер беше Сухејл Фазлиу, како и за начинот на нивното владеење.

На прашањето дали Ахмети и ДУИ и Зоран Заев и СДСМ извршиле предавство кон НДП, Мемеди кажа дека немало предавство, туку несериозен пристап кон нив како мала политичка партија.

Според него, ДУИ и СДСМ постигнале договор во нивен интерес, односно Ахмети во јавноста да прикаже дека не му е одземено министерство, туку дека се зголемил бројот на министерства со кои раководат кадри од неговата партија, а од друга страна Заев да прикаже дека не отстапил уште едно министерско место за сметка на албанскиот коалициски партнер.

-Договорот кој бил постигнат многу порано помеѓу Ахмети и Заев, за трансформација на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во посебно министерство, па така не е можно Албанците да водат шест министерства, и трампата на министерствата едно за едно, Ахмети се обидел да го прикрие пред Албанците, дека тој не жртвувал ниту едно министерство, во компензација за новото министерство, додека Заев ќе ја продаде приказната кај Македонците, дека не попуштил пред Ахмети за едно министерство плус, туку успеал да им го зеде Министерството за локална самоуправа, посочи Мемеди.

Во своето обраќање Мемеди изнесе низа обвинувања за лидерот на ДУИ во врска со, како што кажа, помирувањето во Исламската верска заедница, но рече дека би можел да наброи други случаи како Кондово, криминалните групи и слично, но оти нема да го стори тоа.

– Како потврда на кажаното досега, јавноста, а особено чесните луѓе, се уверија преку последните случувања во земјата. Г. Ахмети, припадниците на Исламот во целина, а посебно тие кои ви верувале и чекале 13 години да ги средите работите во ИВЗ, останаа шокирани од вашите приватни разговори со вашите најблиски соработници, за понижувачкиот однос што го имате врз душевната институција ИВЗ, и дека воопшто не ве интересирало средувањето на работите во оваа институција, туку слатко се смеете што сте успеале да го претворите во седиште каде се пие најскапиот алкохол, рече Мемеди.

Според него, ситуацијата не се разликува и во другиот коалициски партнер СДСМ, како што кажа, а за тоа говори нивното вештачко однесување, особено кога се чувствуваат дека се најсилни.

Од собраниската говорница му упати порака на премиерот Заев.

– Методот и сценариото, кои ги употребивте кон албанските коалициски партнери, и конкретно кон нашите кадри и функционери, кои можат да ви го потврдат со факти и аргументи, посебно кон министерот Фазлиу, со ангажирање на финансиската полиција и политичкото искористување на Антикорупциската комисија, и некои резервни портали на кои им давате специјални задачи, во кординација со ваш близок соработник, државниот секретар Парталов, за нас се познати удбашки методи што ги применуваат еден дел од старите удбаши, кои држат високи позиции во партијата на СДСМ и ВМРО, рече Мемеди.

Таквите методи, тврди тој, се применуваат за некои Албанци да ја прифатат политичката платформа на СДСМ како нивна и јавно да се зачленат во партијата со цел да се ослаби албанскиот фактор во власта, а истата логика ја применувала и ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните и опозицијата им порача да не сонуваат за консолидирање на опозоцијата во редовите на македонските и албанските партии со, како што кажа, стари отворени сметки на кредит кон институциите на системот, и кон граѓаните, кои сте се задолжиле во минатиот период со вашиот погрешен политички пат и ангажман.

Мемеди на досегашните коалициски партнери им порача дека ги чека  голема борба против организираниот криминал и корупција, што не смее и не се дозволува да заврши со секојдневни амнестии, туку со отворен фронт и мобилизација.

МИА/Мемеди/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески заработи кривична за злоупотреби со градежни парцели

Редакција

(Вознемирувачко фото) Автомобилот во кој беа убиени татко и син кај Слупчане изрешетан со куршуми

Редакција