еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски тврди дека Заев во Давос не се сретнал со Порошенко

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во објава на својот Фејсбук профил тврди дека премиерот Зоран Заев во Давос не се сретнал со поранешниот претседател на Украина, Петро Порешенко.

„Заев во обид да го покрие срамот и нанесената штета врз угледот на Македонија, јавно излажа дека остварил средба со претседателот Порошенко во Давос, Швајцарија (економски форум 21-26ти Јануари 2019та).

На вчерашната прес конференција во владата, новинарка постави прашање “дали претходно имало остварено комуникација на кабинетите за да има ваков разговор (со Лажниот Порошенко)?”

Заев одговори: “Како не. Секако, на официјалните состаноци коишто ги имаме, како состанокот кој што сум го правел со претседателот Порошенко во Давос, на пример, сме разговарале затоа што и определбата на Украина е за НАТО, а нормално затоа што тој важи за еден од сопствениците на големите фабрики за чоколадо, па да го поканам да инвестира во нашата земја, тоа е странска инвестиција.”

Но, во владиното соопштение со наслов “Заврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата”, кое е објавено на 25.01.2019 во 16:04 мин, наведени се средбите со Марјан Шарец (Словенија), Хашим Тачи (Косово), д-р Денис Звиздиќ (БиХ), Јенс Спан (Германија), Кристалина Георгиева (СБ), Јоханес Хан (ЕУ), Столтенберг (НАТО) и Џорџ Сорос.

Никаде не е спомената средба со тогашниот претседател на Украина, Порошенко, а имајќи ја во предвид скромната листа на државници со кои Заев, Анѓушев и Бектеши се сретнале, доколку таква средба била остварена, сигурно ќе и’ било соопштено на јавноста!

Истовремено, доколку внимателно се разгледаат и официјалните соопштенија на Svyatoslav Tsegolko, гласноговорникот на претседателот на Украина од тој период, ќе се види дека Порошенко на форумот во Давос се сретнал со претседателот на Бразил, Кина, Германија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Литванија и Ерменија, како и со ген.сек на ОН и претседателот на Меѓународниот црвен крст.

На крајот, дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи.

Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на WhatsApp од пред 6 месеци, ќе дознае дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат.

Но, бидејќи Заев неуспешно се обидува со нови лаги да ги покрие старите скандали, а со тоа и свесно ги манипулира новинарите и граѓаните на Македонија, најдобро е премиерот да си даде оставка и со тоа да ја намали штетата по угледот на државата што и’ ги нанесува со неговите дипломатски скандали!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По „местенката“ на Заев: Русите не се наивни, но одговорност мора да има

„Ме измамија мангупи, а јас комуникативен“: Зоран Заев и руските комичари хит во регионалните медиуми

Кои се руските „пранкери“ кои го измамија Заев: Комичари или службеници на Кремљ?  

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Иванов се уште е претседател на Република Македонија

Редакција

Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд

Редакција

Нови 93 случаи на Ковид-19 од 1.365 тестови

Редакција