еМагазин
Image default
Македонија

Заев ќе му кажал на Борисов да не не вика „северномакедонци“

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој изминатиов период наместо македонскиот премиер и претседател, користеше „северномакедонскиот“.

Тој рече дека веќе е испратена нота, за да може да се исправат грешките.

“Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Северна Македонија“, изјави Заев.

Борисов пред неколку дена изјави дека со „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, а пред бугарските медиуми по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Сараево вчера изјави дека: „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажал нештата на најправилен начин – дека Гоце Делчев е Бугарин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, одма плата од 500 евра ќе има“: Твитер реакции за изјавата на Пендаровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и се борел за самостојна македонска држава

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kривична пријава против скопјанка која се борела во редовите на Исламската држава во Сирија

Редакција

За лидерот на ИВЗ, македонскиот народ е див и нема идентитет, институциите молчат за говорот на омраза

Редакција

Прв случај на коронавирусот во Пехчево, градоначалникот повика да не се шири паника и дезинформации

Редакција