еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Ќе се растерети ли Богородица: Собранието даде зелено светло за отварање два нови гранични премини кон Грција

Пратениците попладнево во рамки на 106. седница ги донесоа законите за ратификација на спогодбите меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање два гранични премини, едниот е меѓу Мајден во нашата држава и Промахoи во Грција, а вториот е за регионот на Преспанското Езеро, односно ГП Маркова нога – ГП Лемос.

Овие два закона за ратификација на Спогодбата доаѓаат како резулат на заедничката иницијатива на пратениците од сите пратенички групи. Како што истакнаа тие, граничните премини ќе бидат од исклучителна важност за економската и трговската размена меѓу двете држави и значјани за туризмот и за граѓаните кои живеат од двете страни на границата.

Спогодбата за граничен премин Мајден – Промахoи е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор. Во неа се предвидува двете држави на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево со останатите лидери од Западен Балкан

Редакција

Србија ќе извезе две илјади тони масло во Македонија

Редакција

Хирурзи од Бугарија и Македонија водат успешен проект за операција на тешки вродени аномалии кај бебињата

Редакција