еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Време на акциски планови и декларации: Замајување или решителни промени?

Зачестено демонстрира решителност актуелната владејачка гарнитура, најпрво во борбата со криминалот, а сега и со лажните вести.

Неодамна СДСМ донесе партиска Декларација во која главен белег е дека партиското членство никого не може да амнестира од одговорност за криминални дејствија. Владата, пак, вчера најави отварање фронт против дезинформациите и презентира акциски план кој предизвика бранови во јавноста.

Сепак, не треба да се заборави дека Декларацијата на СДСМ беше донесена по откривањето на случајот „Рекет“, како и по шпекулациите за наводна вмешаност на високи партиски структури во овој случај.

Уште помалку треба да се игнорира фактот дека Владата реши Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да го претопи во Државното јавно обвинителство иако не се завршени започнатите случаи со таканаречените бомби кои ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Дискутабилно за акцискиот план за борба против лажните вести е што Владата го воведува откако на некој начин им прости на медиумите што за време на минатата власт ширеа отворена пропаганда и дезинформираа, а истовремено и самата „шуруваше“ со медиумски ликови кои ни оддалеку не ги почитуваат стандардите за правилно информирање.

Сега, останува да се види колку власта ќе покаже капацитет да ги спроведе ваквите заложби на начин кој ќе ги задоволи начелата на правдата кога е во прашање борбата против криминалот и уставно загарантираното право на слобода на изразување кога е во прашање борбата против лажните вести.

Или пак, како и многу пати досега ваквите документи ќе останат парче хартија, а во пракса ќе продолжат задкулисните игри и влијанија во правосудниот систем и медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

„Плата од 500 евра…фејкњуз ли е“?: Твитер „поцрвене“ по најавата на Владата за одлучна борба против лажните вести

Детален преглед: Што пишува во акцискиот план на Владата за борба против лажните вести?

(Видео+фото) Кој дојде на седницата на Централниот одбор на СДСМ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на акцијата на Алкалоид за девет месеци порасна за 14,8%

Редакција

Коалициските партнери од „Можеме“ го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ

Редакција

Ако САД забрани увоз на руска нафта, следат нови рекордни цени и инфлациски шок

Редакција