еМагазин
Image default
Македонија

Заев пријавил во МВР закана за „куршум во глава“ во коментар на социјалните мрежи по пресот со Хан

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница имнформира дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи оти коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.

Тој ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа на четири случаи на мобинг.

-Има секаков вид на појави меѓу луѓето, некогаш се случуваат меѓу членови на нашите најголеми политичи партии, но и меѓу помалите, некогаш меѓу граѓани кои немаат партиска припадност. Мојата ќерка пред еден час ми испрати пораката од коментар на прес-конференција со Хан која гласи „само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“. И сега тука не завршува животот, што да правиме има секакви луѓе, нагласи Заев.

Додаде дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот е пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.

Нагласи дека живееме во мала земја, во која секој со секого е на некој начин поврзан.

-Можеме да бидеме на различни политички определби и треба да бидеме и јас верувам дека ќе ја биде државата, ако гледаме низ окото на пријателството, меѓусебото разбирање и помагање, рече тој и нагласи дека јавно ги осудува сите закани и мобинзи по која било основа.

Напомена дека случаите кои ги изнела пратеничката ќе бидат проверени и додаде дека најмалку со една третина од институциите се уште раководат истите кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

-Проверете во внатрешноста, некаде нема луѓе да поставиме, нема соодветни кандидати, додаде тој.

Ласковска истакна дека во државата не смее да се дозволи да има партиски реваншизам, особено не во случаи на ранливи категории на граѓани, нагласувајќи дека во еден од случаите станува збор за прераспределување на друго работно место на самохрана мајка.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ – ОА: Најсредечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј, продолжуваат разговорите со Српската православна црква

Редакција

Мицкоски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Редакција

Работна група на Владата ќе бара чаре за комплексот Македонско село

Редакција