еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Галерија) Градоначалникот на Солун, Бутарис на гости кај Заев и Пендаровски

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, чиј втор мандат завршува летово, се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

„Преспанскиот договор носи бенефити за Северна Македонија Грција. Придобивките за граѓаните веќе се чувствуваат преку соработката во повеќе области, истакнаа на заедничката средба премиерот Заев и солунскиот градоначалник Бутарис.

На состанокот е заклучено и дека отворените перспективи меѓу државите и соработката меѓу градовите допрва ќе ги даде вистинските позитивни резултати“, велат за средбата од Владата.

„Со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис се согласивме дека со потпишувањето и имплементацијата на Преспанскиот договор е отворена нова перспектива во односите меѓу двете држави во сите сфери од заеднички интерес. Постојат можности за развој на соработката помеѓу регионите и општините, особено преку искористување на европските порграми за поддршка на развој“, напиша Пендаровски на Фејбук.

Фото: Влада/Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, нови 71 случаи на Ковид-19, оздравени 86, нема починати

Редакција

Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, порача германскиот министер за надворешни работи, Мас

Редакција

Тие во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се, вели Стојков за забраната за отварање на македонскиот клуб

Редакција