еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Капитални (не)инвестиции: Додека се мачиме со автопат до Охрид, светот праќа товарни летала во Вселената

Бавно се реализираат ветените проекти за изградба на патна и железничка инфраструктура и тоа е можеби една од главните причини поради кои во првата половина од годинава се реализирани само 20 отсто од предвидените капитални инвестици за 2019 година.

Владата инвестирала само 86 милиони евра од вкупно 422 милиони евра наменети за капитални проекти. Станува збор за една од најниските стапки на реализација на капиталните инвестиции со години наназад.

Со вакви резултати, не треба да не чуди како изгледа патувањето до Охрид по пат кој почна да се прави, па остана недоправен и сега има серија нагли скршнување поради „заостанати работи на патот“, лош асфалт и илјадници дупки и вдлабнати кои се реална опасност во сообраќајот.

Вусшност слабиот капацитет на државните институции и јавните претпријатија во реализацијата на капиталните проекти најдобро го отсликува фактот што земјава се уште нема железничко поврзување со две соседни држави (Албанија и Бугарија) што е незамисливо во денешно време.

Додека ние направиме пат до Охрид и изградиме пруги кон соседите, проекти за кои слушаме од осамостојувањето на земјава, во светот почна да се воспоставува практика за товарен транспорт до Вселената.

Имено, товарниот брод „Карго Драгон“ на компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск беше лансиран во орбита од стартна платформа на космодромот на НАСА на р’тот Канаверал на Флорида денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица.

Стартот на товарното летало до МВС е 18-то по ред во рамките на комерцијалниот договор помеѓу НАСА и „СпејсИкс“. Бродот изврши достава на МВС на околу 2,3 тони храна, опрема и материјали за научни експерименти.

Како тргнало, ќе дојде време товар со храна побрзо да стигне до Вселената отколку од Скопје до Охрид или обратно.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Контролори во Фондот за здравствено осигурување обвинети за примање поткуп

Редакција

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција