еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сите на одмор, Катица Јанева на „работа“

Нови детали за случајот „Рекет“ и дали освен двајцата осомничени има и други инволвирани, од Јавното обвинителство ќе дознаме дури на крајот на август, зашто обвинителите одат на одмор.

На крајот од август ќе дознаеме и каква ќе биде иднината на старото, но и на новото Специјално јавно обвинителство (СЈО), зошто тогаш работните групи од власта и опозицијата повторно ќе седнат да преговарат за законското решение, а законот за јавното обвинителство пред пратениците треба да се најде на седница во Собранието на 27 август.

Катица Јанева, шефицата на СЈО, во заминување, со чие име на големо се шпекулира за инволвираност во случајот “Рекет“, пак пред време се врати од боледување и продолжи со работа, а на оваа функција ќе остане, како што и самата најави, се додека не се избере нејзин наследник.

Нејзиниот мандат истекува на 15. септември.

Додека сите ќе одмараат, едно е сигурно, медиумите нема да мируваат. Тие барем за сега имаат многу поголем интерес од било кој во државата случајот „Рекет“ да се истера до крај и јавноста да дознае кој се е инволвиран во овој мега скандал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева ја форматираше државата

Рускоска за ТВ24: Податоците од мобилниот на Јанева не може да се вратат назад

Катица Јанева не поднела писмена оставка, усната не важи

360 Степени: Трајно „исчистени“ неколку компјутери во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портали како печурки пред изборите: Можно ли е перење пари преку партиски реклами?

Редакција

Детали од Обвинителство за Јакимовски: „Масакр“ на буџетот на Општина Карпош

Редакција

Боки 13 пуштен од затвор

Редакција