На 05.08.2019 околу 5 часот на обиколница во близина на клучка Радишани З.П. (30) од с. Одри, Тетово управувајќи возило „БМВ“ удрил во возило „Шкода јети“ и двајца полициски службеници, информира МВР.
Полициските службеници се здобиле со повреди и се пренесени во комплекс клиники Мајка Тереза, а возачот на БМВ во ГОБ Св. Наум Охридски. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.
„Министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на БЈБ Сашо Тасевски денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ги посетија и им посакаа побрзо закрепнување на двајцата полициски службеници“, соопшти МВР.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.