Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе се случува од 7 до 11 август во Веро центар во Скопје. Потрошувачите ќе може да најдат голем избор на производи во речиси сите продавници меѓу кои и „ДМ“, „Васидора“, „Би воч“, „КРШ бебе“, „Дуки Дасо“, „Спорт М“, „Еликсир“, „Анхоч“, „Спорт риалити“, „Ивама“, „Гудис“, „Сара фешн“ итн.
WOW распродажбата се организира трет пат, а менаџерскиот тим на компанијата „Веропулос“ посочува дека во план е настанот да прерасне во традиционален.
– Во летниот период вообичаено се намалува интензитетот на активности, но ние одлучивме да излеземе од тој шаблон и да организираме настан кој е наменет токму за луѓето кои топлите денови ги минуваат во Скопје. Ќе бидат вклучени речиси сите продавници во Веро центар и нашата цел е да понудиме соодветен и богат избор за целото семејство.
Како и досега, фокусот е потрошувачите да имаат незаменливо, комфорно искуство и токму тоа беше мотивот за организација на распродажбата – посочува Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.
Големата WOW распродажба е главниот настан во Веро центар за ова лето, но во подготовка се уште многу други активности за кои потрошувачите наскоро ќе бидат информирани.