еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за гостиварец кој ја игнорирал забраната за градба на колективна зграда

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(67) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,бесправно градење“ и ,,симнување или оштетување на службен печат или знак“, информира МВР.

На 06.05.2019 година на локација во Гостивар, од страна на овластен градежен инспектор, при увид на градба на колективна зграда од страна на пријавениот, како главен инвеститор, било констатирано дека истиот не поседувал комплетна документација и објектот не бил изведен согласно одобрението за градба.

По ова, на 20.05.2019 година, за наведениот објект било донесено решение за забрана на понатамошна работа, и била поставена лента и налепница со ознаки од градежна инспекција. На 03.08.2019 година пријавениот ги симнал и оштетил  претходно  поставениот службен печат и знак на наведениот објект, и продолжил со градба на истиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка преку класната дознала дека вулгарни фотографии од ќерка и кружат меѓу учениците

Редакција

Детали за убиството во казиното: Пукал, па во глава го удирал со кундакот од пиштолот, се трага по сторителот

Редакција

Неверојатен случај во Куманово: Тројца лихвари му зеле „камата“ од над 15.000 евра

Редакција