еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева по новите снимки на „Ла Верита“: Со Камчев преговарав да стане соработник-сведок за нова предистрага на СЈО

По денешните нови аудио снимки кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои повторно се слуша нејзиниот глас, со писмена изјава се огласи специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева.

„Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници.

Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име“, вели Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

Тортевски: Сега треба СЈО што ќе ги истражи кривичните дела што потекнуваат од содржината на разговорите на Јанева

Најави ли Катица Јанева и нови: За кои актуелни функционери СЈО има истраги?

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19

Редакција

Повеќе од половина од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Редакција

Кој е Јосеп Борел: „Стар шпански волк“ на местото на Федерика Могерини

Редакција