еМагазин
Image default
Македонија

И обвинителот Бурим Рустеми од СЈО повикан во ОЈО за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Од Јавното обвинителство за МИА потврдија дека обвинителот Рустеми е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението, се уште не е прецизирано точно време, кога ќе биде сослушан.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За „Рекет“, во тек се финансиска истрага и вештачења на одземените електронски уреди

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска даде исказ пред колегите од ЈО за случајот „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале шест лица, вкупно до сега 7.969

Редакција

Во болницата во Козле хоспитализирани пет деца и пет мајки заболени од Ковид-19

Редакција

Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува

Редакција