еМагазин
Македонија

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11 мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката која синоќа се случи на автопатот Демир Капија-Неготино.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.

Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Редакција

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

Редакција

Рускиот митрополит Антониј утре доаѓа во Скопје

Редакција