еМагазин
Image default
Македонија

Осомничен во „Рекет“ за неколку дена потрошил 180 илјади евра од парите земени од Камчев

Дојче веле објави дека имало докази дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, два-три дена по земањето на милион евра од домот на сведокот-жртвта во случајот, бизнисменот Орце Камчев, заминал во странство каде што за неколку дена време на луксузирање потрошил околу 180.000 евра.

Дојче веле пишува и дека вештачењето на компјутерите и на телефоните одземени од осомничените „Рекет“ сѐ уште не е завршено, а се очекува од нив и од други докази обезбедени во рамките на истрагата точно да се утврди каде завршиле 1,5 милиони евра, што во два наврата биле изнудени од Камчев, како и дека е можно наскоро и други лица да бидат опфатени во истрагата што се води за случајот „Рекет“.

Наводно според Дојче веле станува збор за соработници на еден од осомничените, а чии имиња биле посочени во некои од досегашните сведочења за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“

Плусинфо: Боки 13 ги пуштил во оптек парите што ги зел во „Рекет“ како легално стекнати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ прифати да не биде дел од владата што би се формирала по усвојувањето на уставните измени

Редакција

(Фото) Колкави се платите на медицинските сестри, специјалистите и лекарите во јавното здравство

Редакција

Се менува законот за прекинување бременост: Вољата на жената на прво место

Редакција