еМагазин
Image default
Македонија

Син му бил ранет со куршум во грб, открива пратеникот на ДУИ, Адеми, еден месец по инцидентот

По еден месец од инцидентот со пукање на свадба во Мала Речица во кој беше ранет неговиот син, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми за Алсат М открива детали што всушност се случило.

Тој негира дека бил дел од инцидентот.

„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас.

Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб.

Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет, бидејќи мојот син седеше спроти мене“, вели за Алсат М, Адеми.

Адеми вели и дека полицијата го сослушала и му зела парафинска ракавица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Таткото на другото рането момче го демантира пратеникот на ДУИ, Адеми: Тој пукаше на свадбата

МВР со детали за свадбените пукотници во кои беа повредени синот на пратеникот Џеват Адеми и уште едно лице

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска не се избра претседател на Уставен, нов обид во понеделник

Редакција

Едно од новоосомничените лица за „Рекет“ е функционер

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание: Се очекуваат подолготрајни рочишта

Редакција