еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Децата кои беа заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче биле запуштени

Докторката од Детска клиника, Весна Мицевска во врска со заборавените деца во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, рече дека вчера во 23 часот со возило на Брза помош и во придружба на полиција на Клиниката за детски болести Скопје донесени женско дете на возраст од седум години и машко на четиригодишна возраст.

„Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри.

Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за обсервација, направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот во стабилна состојба. Истите се испишуваат во добра здравствена состојба“, рече Мицевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат во Македонија направена операција на мозок со свесен пациент

Редакција

Починаа 12 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.096

Редакција

(Фото) Што се pooling тестови: Нова поевтина услуга во „Жан Митрев“ за откривање на корона вирусот

Редакција