еМагазин
ЖИВОТ

Од петок опаѓање на температурите

Времето до четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Како што информира УХМР, заладување се очекува од петок кога ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура од 15 до 35 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Побрзајте со скарата: Првомајска временска традиција со дожд

Редакција

(Видео) Заев и Филипче со мотори патуваат низ Грција, прво на „Делфи форумот“, па на Халкидики

Редакција

Почина Кирил Самарџиоски, долгогодишен директор на „Прилепска пиварница“

Редакција