еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пинг-понг со предметите на СЈО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнисаа правниот систем

Голем број реакции во македонската јавност, но и меѓу правните експерти има по вчершаната одлука Јавното обвинителство да ги преземе предметите, истрагите и предистрагите кои досега ги водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Според многумина, овој потег е спорен поради неколку причини. Прво, незамисливо е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор како трето осомничена во аферата „Рекет“ на своите колеги од затворот во Шуто Оризари писмено да им наредува да ги предадат сите предмети во обвинителството и тоа кога во Собранието тече процедура за нејзино разрешување.

Второ, преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство доаѓа во период кога најголемите партии од власта и опозицијата водат преговори околу новиот Закон за јавното обвинителството со кој меѓу другото треба да се реши и судбината на Специјалното јавно обвинителство односно дали тоа ќе опстои, дали ќе се претопи во ЈО или пак целосно ќе се распушти.

Трето, во период кога течат судски постапки за повеќе предмети за кои специјалните јавни обвинители се уште се појавуваат на суд, преземањето од Јавното обвинителство би значело ново одолговлекување на судски епилог за одговорните, што не оди во прилог на декларативните заложби за ефикасно судство и брза правда.

Затоа, најголемите партии од власта и опозицијата односно СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да се освестат и да знаат дека после целата лакрдија со „Рекет“ и очигледната намера да го згаснат СЈО, македонските граѓани целосно ја загубија довербата во правосудниот систем во земјава, а уште повеќе во политичките партии кои очигледно за да спасат неколку криминалци ги ставаат теснопартиските интереси над државните и тоа по цена на уривање на правниот поредок во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Предметите од СЈО преминуваат во Јавно обвинителство

Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи

Време е Катица Јанева да објави роман: „Писма од Шутка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Редакција

Јовановски: Дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава

Редакција

(Видео) Ковачевски: Со посетата на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го говорот на омраза

Редакција