еМагазин
Image default
Македонија

Јовески: Обвинителството има капацитет да постапува по предметите од СЈО

Примопредавањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во државното јавно обвинителство ќе се врши предмет по предмет, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

За ТВ Сител тој вели дека не очекува процесот да трае долго и дека Обвинителството има капацитет да ги преземе и да постаува соодветно по предметите.

„Примопредавањето ќе се врши предмет по предмет. Не очекувам процесот да трае долго, а обвинителството има капацитет да ги превземе и да постапува соодветно по предметите“, вели Јовески.

Јавното обвинителство вчера го прифати барањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги преземе предметите на СЈО.

Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, во средата даде полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство.

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пинг-понг со предметите на СЈО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнисаа правниот систем

Официјално: Предметите од СЈО преминуваат во Јавно обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.708 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Во Берлин средба на Заев со Меркел

Редакција

Слободен печат: Катица Јанева боледува во Гевгелија, препорачан и е одмор

Редакција