еМагазин
Image default
Балкан

Грчката опозиција го „подбра“ Мицотакис за Договорот од Преспа

Дел од грчките опозициски партии упатија остри критики до премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за неговиот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун во саботата вечерта, како во однос на ставовите за економската политика, така и за Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека Мицотакис во пракса ја призна потребата од почитување на Договорот од Преспа, од МЕРА25 коментираат дека „изненадува молкот на грчкиот премиер“, а од грчко решение, дека Владата го „предала светото име Македонија на Скопјаните“.

-Господинот Мицотакис од Солун, од Меѓународниот саем во Солун, во опширен говор од околу 7.000 зборови не најде ниту еден збор да каже за македонското прашање, ниту еден збор за Договорот од Преспа, а во изминатиот период се појавуваше како „македономахос“ (борец за Македонија н.з.).

Сега по изборите, се чини дека има одлучено дека Договорот од Преспа сепак не е предавнички како што велеа предизборно членовите на Нова демократија, туку е договор што треба да се почитува без отстапки, како и што велат министрите во писмата што ги испраќаат до нивните колеги од Северна Македонија, рече портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис во интервјуто за радиото „Параполитика“, коментирајќи го говорот на Мицотакис во саботата.

Од МЕРА25, партијата на поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, наведуваат дека молкот навистина изненадува ако се земе предвид патриотската пасија со која предизборната Нова демократија беше во сеопфатната борба против договорот.

– Единственото споменување во неговиот говор се однесуваше на македонските производи и нивната заштита! Партиската јавност на Киријакос Мицотакис не изгледаше изненадена од оваа бучна тишина. Ако нешто ни покажува сето ова е токму хипокризијата на премиерот од една страна и инструментализацијата на чувствителното прашање за северна Грција од друга страна, со единствена цел победа на изборите, соопштуваат од МЕРА25.

Од десничарски ориентираната партија Грчко решение велат „Господине Мицотакис, вие можете да ги остварите вашите контакти со странците, но грчкото општество сфати! „Ја продадовте“ Македонија за премиерската фотелја“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис два и пол часа одговараше на новинарски прашања: Засега не е предвидена средба со Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една жртва на пукањето во белградското училиште: Почина тешко ранетото девојче

Редакција

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Редакција

Грција: Над 1.000 случаи на заболени со коронавирусот, 32 починати

Редакција