еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ апелира институциите да постапуваат според закон

Демократската Унија за Интеграција нагласува дека владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој.

„Цениме дека Судскиот Совет, Советот на јавни обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти.

Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот.

Демократската унија за интеграција се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот и сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува наш апсолутен приоритет“, се вели во соопштението на ДУИ.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски не одговори дали е прифатлив предлогот на дел од албанските партии албанскиот да стане рамноправен со македонскиот јазик

Редакција

МВР го уапси Стевчо Јакимовски

Редакција

Никој на лидерската не кажал дека е против тргањето на формулацијата „20%“ од Уставот, вели Таравари

Редакција