На местото на разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за в.д. претседател е поставен судијата од истиот суд, Фаик Арслани.
еМагазин ги разгледа неговите два анкетни листа, кои можат да се најдат на веб страната на Државната комисија за спречување корупција. Првиот е кога станал јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, а вториот кога станал судија во Врховниот суд.
Каков имот пријавил?
Во првиот анкетен лист, Арслани како заеднички имот пријавил земјиште во село Градец, а како личен имот, куќа од 189 метри квадратни. И земјиштето и куќата се подарок.
Во вториот анкетен лист, Арслани на име на сопругата пријавил деловен простор во Скопје, проценет на над 6 милиони денари, за кој не дал квадратура, а е стекнат на друг начин.
На име на сопругата пријавил деловен простор и во Гостивар од 38 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.
На име на сопругата пријавил и земјиште во Добридол и земјоделско земјиште во Гостиварско и Тетово, стекнати со договори за купопродажба.
Како личен имот пријавил стан во Гостивар од 40 метри квадратни, за кој нема податок како е стекнат, а во графата за вредност ставил „на користење„.
Сега вози Фолксфаген Пасат, а на девизна штедна книшка пријавил 5.000 долари.
Од 2017 година има и кредит од 6,1 милиони денари, кој се уште го исплаќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил разрешениот Јово Вангеловски: Вози Мерцедес Бенз, а со сопругата имаат 4 стана
Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години
Каков имот пријавила Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд
Која е Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд