еМагазин
Image default
Македонија

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Kривичниот суд во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското „Диво Насеље“. На 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази беа ослободени од обвиненијата.

Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Во настаните во „Диво Насеље“ загинаа осум полицајци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието наместо на 12, може да се распушти на 16 февруари

Редакција

Со легализацијата на марихуаната секој ќе може да одгледува две-три стебла за лична употреба, најавува Заев

Редакција

Апасиев повикан во Обвинителството за исказ по три кривични пријави против него

Редакција