Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика информацијата дека вицепремиерот Бујар Османи заработил прекршочна казна за зборување на мобилен телефон додека управува со автомобил.
МВР го казни вицепремиерот Османи откако тој самиот објави видео како разговарајќи на мобилен се развозува по институциите за да провери до каде е поставувањето на двојазичните табли односно како се имплементира новиот Законот за употреба на јазиците.
Граѓаните Македонци и Албанци прво коментираа дека работа на вицепремиерот е да го исполни ветувањето за добивање датум за преговори со ЕУ, а не да изигрува јазичен инспектор, а по казната од МВР главен коментар е дека со овој потег докажавме дека сме на пат да станеме скандинавска земја каде функционерите си даваат оставки и за погрешно паркирање.
Вистината е дека со прошетката низ институциите Османи само се увери колку е бавна неговата администрација во спроведувањето на законите, а во однос на почитување на законите од страна на функционерите доволно е само да се види распадот на Специјалното јавно обвнителство (СЈО) и радоста на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои заеднички го погребаа ова обвинителство, задолжено за прогон на криминалот на високи функционери од трите партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот Османи заработи казна за зборување на мобилен додека вози
Да не треба сега Османи да го плаќаме и за контрола на употребата на албанскиот јазик?
(ВИДЕО) Бујар Османи стана и „инспектор“ за употребата на албанскиот јазик
Фото: Фејсбук/Османи