Поранешната обвинителка на Специјалното јавно обвнителство (СЈО), Фатиме Фетаи, повторно ќе го застапува предметот „Монструм“, кој се врати во Јавното обвнителство.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала обвнителка во СЈО.
Каков имот пријавила?
Во нејзиниот анкетен лист на свое име пријавила стан во Скопје од 90 метри квадратни, проценет на 4,9 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.
На свое име пријавила и златен накит, проценет на 600 илјади денари и возило Киа Пиканто.
Пријавила и плата на сопругот, а на свое име има и кредит од 78 илјади евра, кој треба да го врати до 2020 година, а го зела минатата година.
Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила обвинителката Ленче Ристоска, која ќе го застапува случајот „Талир 2„
Фото: А1он