Албанскиот премиер Еди Рама на неговиот фејсбук-профил објави видео на кое е со три жени од Косово, Македонија и Црна Гора, менаџерки кои го пречекале во хотелот каде што е сместен во Њујорк, каде ќе учествува на Генералното собрание на ОН.
„Доаѓа човек од Албанија во хотел во Њујорк и на самата врата, што наоѓа? Три менаџерки од Косово, Северна Македонија и Црна Гора, кои му велат на албански: „Дали ќе се сликаме?“, напиша Рама на Фејсбук.
видео/фото: Фејсбук/Рама
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.