Министерот Никола Димитров наполни 47 години. На својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со синот Калин, кој денеска исто така слави роденден.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци!
Важни се годините, но важен е и духот, како што впрочем вели сликава. Инаку, далеку сум уште од 50ка да сме на чисто“, напиша тој на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Димитров
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.