еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација: Катица Јанева останува во притвор, оти се уште постои ризик за бегство

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во привор во КПУ Затвор Скопје, иако е завршена истрагата за случајот „Рекет“ во кој таа е третосомничена, одлучи Апелацискиот суд.

Од Апелација за МИА информираа дека е одлучено да се укине втората точка од решението за притвор – влијание врз истрагата, по добиеното известување од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека истрагата е завршена. Сепа, судиите оцениле дека се уште постои ризик за бегство и ја одби жалбата поднесена од адвокатите на Јанева.

Одбраната бараше да и биде изречена поблага мерка бидејќи, според нив, веќе не постојат основите по кои и беше изречен притвор, а како гаранција беше понуден движен и недвижен имот.

Апелација одлучуваше по жалбата откако претходно беше одбиена од Кривичниот суд.

Катица Јанева е во притвор од 21 август. Покрај неа, во „Рекет“ е осомничен и Бојан Јовановски – Боки 13, кој исто така е во притвор, како и Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОБСЕ/ОДИХР и ПССЕ: Референдумот генерално мирен и добро организиран

Редакција

Пронајдено четврто тело на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Редакција

Настел продаде, членот на НО на Реплек, Андреевски, купи акции на компанијата

Редакција