еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка: Некој испраќа лажни пораки во наше име за да извлече доверливи податоци од клиентите

Ве известуваме дека во изминатиот период забележано е испраќање на лажни е-маил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој е-мејл (притоа постои можност овие лажни пораки да содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог), пишува во мејлот што им го испрати банката на клиентите.

„Во таа насока би сакале да напоменеме дека сите известувања кои се испраќаат од страна на НЛБ Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Доколку веќе имате добиено, или во иднина добиете било каква електронска порака од НЛБ Банка која не е потпишана со дигитален сертификат, Ве молиме да не ја отварате, а за добиената порака веднаш доставете информација до надлежните служби на Банката. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец“, пишува во мејлот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

Топ пет најголеми должници на УЈП: ТЕ-ТО повторно на врвот

Редакција

Горивата поевтинуваа до еден ипол денар

Редакција