еМагазин
Бизнис

„Макпетрол“: Немаме сознанија зошто континуирано расте вредноста на акциите

Македонската берза барала од „Макпетрол“ информации во однос на континуираниот пораст на акциите на компанијата.

„Во врска со барањето од Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје со кое не известуваат за континуираниот пораст на цената на обичните акции, издадени од друштвото, известуваме дека „Макпетрол“ нема сознанија за постоење на конкретни ценовно чувствителни информации, кои треба да ги објавиме согласно Правилата за котација на Македонската берза на хартии од
вредност АД Скопје“, соопшти „Макпетрол“ преку Македонската берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани бројот на туристи зголемен за 38%

Редакција

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

Редакција

„Брако“ и „Грин Машинс“ на ИФАТ саемот во Минхен

Редакција