еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе извиси ли Македонија: Попусто преименување на државата без датум за преговори со ЕУ

Како кула од карти се уриваат надежите дека Македонија неделава ќе добие датум за почеток на преговори со Европската Унија откако и по вчерашниот состанок меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел нема најави за промени на ставот на Франција дека во овој момент нема место за ново проширување на Унијата.

По се изгледа проширувањето е најмала грижа за Франција и Германија со оглед на тоа што сите очи сега се свртени до Брегзит и турската офанзива во Сирија, што се потврди и на заедничката прес-конференција на двајцата лидери.

Се чини дека и македонската Влада полека ја стигнува реалноста и покрај оптимистичките ставови владините функционери сфаќаат дека Франција нема туку така да го промени својот став околу проширувањето. Тоа најдобро го потврдува изјавата на вицепремиерот Бујар Османи.

„Се уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговори, така да, оптимист сум, но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент“, изјави Османи.

Тој додаде и дека ја разбира резервираноста на македонските граѓани со оглед на тоа што веќе десет години добиваме препораки, а никако да ги почнеме преговорите со ЕУ.

Освен молкот од Франција, загрижувачки е што во изминатава недела Бугарија постави нови нелогични услови за да го поддржи почетокот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, што е само лош зачин во кашата во која се најде нашата земја поради храбрата, но бесцелна надворешна политика.

Сега е извесно дека македонската Влада ја очекува силен удар и најверојатно паѓање доколку не добиеме датум за почеток на преговори со оглед на тоа што таа го промени името на државата, а како главен адут за тоа беше потенциран напредокот во евроинтеграциите.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборите се понеизвесни: Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Редакција

Убава вест: 1.191 оздравени од Ковид-19

Редакција

Твитер „збесна“ по говорот на Иванов: „Ееее СДСМ, дојде ред Хорхе да брише под со вас“

Редакција