„Аутомакедонија“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека е извршена блок трансакција на 4.486 обични акции во сопственост на „Пивара“ АД Скопје, што претставува над 5 % од вкупниот број на акции на друштвото.
„Согласно порамнувањето од 14.10.2019 г. сопственик на акциите (4.486) е Милан Ивановски, кој се стекнува со над 5 % акции во друштвото. Според тоа, „Пивара“ АД Скопје не е повеќе акционер во „Аутомакедонија“ АД Скопје“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кирил Колемишевски си поднесе оставка од Надзорниот одбор на „Аутомакедонија“
Во блок-трансакција продадени акции од „Аутомакедонија“ за 138.000 евра
Светозар Јаневски подари над 16.000 акции од „Аутомакедонија“ на три лица
Јане Јаневски се стекна со 5.596 акции од „Аутомакедонија“