еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

A1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Едукативната програма за деца – „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” на А1 Македонија продолжува и во учебната 2021/2022 година, информираат од компанијата.

Ова е петти циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 10 основни училишта во Скопје и целата земја, започна денеска во О.О.У. „Коле Неделковски “ во Општина Центар за учениците од 4-то одделение.

„Продолжуваме со реализација на програмата ‘Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” која на сите нам во А1 ни е особено драга. И оваа учебна година продолжуваме со онлајн предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење.

Волонтерите на А1 се подготвени да ги пренесат потребните информации и да опфатат што е можно поголем број ученици”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Предавањата и оваа година ќе ги реализираат волонтери – вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора ја посети среќната мајка на новорoденчињата Анастасија и Габриел

Редакција

Изложбата „Јапонија” на Дејан Колевски во НЛБ Галерија

Редакција

Државна лотарија го додели петтиот стан на семејство Фезуљи од Тетово

Редакција